Top Sport

(Видео) Чесите не ја наплатија доминацијата – Грузија го слави историскиот бод и голманот Мамардашвили

Фудбалските репрезентации на Грузија и Чешка одиграа нерешено 1:1, во Хамбург во натпреварот од 2.коло од групата Ф на Европското првенство.

Двете селекции во овој дуел влегоа без бодови од првите мечеви, Грузијците беа поразени од Турција со 3:1. а Чесите со 2:1 загубија од фаборитот Португалија.

Во Хамбург, Чешка и грузија одиграа спектакуларен натпревар, кој го обележа голамно на Грузија, Мамардашвили. Само во првиот дел имаше пет успешни интервенции. Тој е најзаслужниот што Грузија го освои првиот поен во историјата на ЕП.

Првото полувреме помина во целосна доминација на Чесите. Имаа три одлични шанси, двапати Шик и еднаш Хложек, но голманот Мамардашвили правеше чуда на голот. И кога се очекуваше крајот на првото полувреме, по еден удар на Хранец, топката удри во неговата рака и судијата досуди пенал по консултација со. ВАР технологија. Микутадзе беше прецизен за водство на Грузијците во четвртата минута од судиското надополнување во првото полувреме.

Во продолжение Чесите тргнаа уште посилно. Израмнија во 59. минута. По корнерот, обидот на Соучек заврши во стативата, но за среќа се одби, го погоди Патрик Шик во градите и заврши во мрежата.

Чешка не застана тука, но освен ударите на Китил и Линдро кои ги запре неверојатниот голман на Грузија, немаа поголеми прилики.

На крајот во последните секунди од натпреварот Грузија имаше колосална шанса на контра, три на еден а ударот на Лобјанидзе заврши високо над голот.

Scroll to Top