Лионел Меси, во 32-та минута од натпреварот со Алжир, невнимателно стартуваше врз Аиса Манди, но судијата Шимон Марчињак дури не му покажа ниту жолт картон.
Капитенот на африканската репрезентација, Аиса Манди, беше првиот што стигна до топката, играчот на Интер Мајами се заплетка во дуел со него и невнимателно го згазна. Тој не беше ни блиску до топката, а полскиот судија ја виде ситуацијата и досуди фаул.
Сепак, тој не одлучи дека стартот не за јавна опомена, реши да ги здржи картоните во џебот.
Crying bro how’s this not a red ???pic.twitter.com/plJURXcdPW https://t.co/jnkGNhKQXK
— • (@cfcsimv2) June 17, 2026
Јасно е дека репутацијата на Меси многу ја отежнува одлуката да му бооде доделен црвен картон, но нема сомнение дека таквата одлука целосно би го променила текот на натпреварот.
Доколку поранешниот играч на Барселона и Пари Сен Жермен добиеше црвен картон по само половина час игра, многу од шесте рекорди што ги израмни и сруши во дуелот со Алжир немаше да се случат. Покрај тоа, тој ќе беше суспендиран за следниот натпревар против Австрија.
Мислењата на јавноста се поделени – некои велат дека секој друг фудбалер би бил испратен на ладење без размислување, додека други тврдат дека немало злонамерна намера во гестот на Лео, така што црвениот картон би бил престрога казна. Сепак, објективниот впечаток е дека жолтиот картон би бил минималната санкција.
Во следниот натпревар во понеделник, Аргентина ќе се соочи со Марко Арнаутовиќ и неговиот тим (19:00 часот), а натпреварувањето во групата ќе го затворат на 28 јуни против Јордан (04:00 часот).
Foto/ EPA
