Top Sport

(ВИДЕО) Дани Олмо го шокираше Баерн со хет-трик: Лајпциг го освои Суперкупот на Германија

Лајпциг е освојувач на Суперкупот на Германија откако на „Алијанц арена“ го шокираше Баерн Минхен и го победи со 0:3. Блескаше шпанскиот интернационалец Дани Олмо, кој постигна хет-трик.

Во второто полувреме дебитираше Хари Кејн, најновото засилување на Баерн, но остана без посериозен ефект.

Олмо го отвори резултатот во третата минута, а потоа Баерн преку младиот Матис Тел имаше неколку неверојатни шанси кои останаа нереализирани. Тоа го казни повторно Дани Олмо во 44.минута.

Во 68.минута беше досуден пенал за Лајпциг, а Дани Олмо го комплетираше во хет-трик.

Scroll to Top