Top Sport

(Видео) Данска се пласира на ЕП, на Словенија и Чешка им треба по бод за место на ЕУРо 2024

Foto/ EPA

Фудбалската репрезентација на Данска се пласираше на ЕУРО 2024. Вториот патник од Х групата ќе биде познат во понеделник кога својот натпревар ќе го одиграат Словенија и Казахстан. Во Е групата, Чешка ја елиминираше Полска и за пласман на ЕП и е потребен бод против Молдавија на домашен терен. Од оваа група, место на континеталниот шампионат избори Албанија.

Данска доминираше од самиот почеток, Словенците беа натерани да се бранат, даваа отпор 26 минути, а потоа Кристенсен одлично нафрли од левата страна, а Меле во негов стил влезе во шеснаесетникот од втор план и го совлада Јан Облак, за 1:0.

Словенија израмни во 30. минута од првиот удар кон голот. Јанжа на фантастичен начин изведе слободен удар од 17 метри, го мина „живиот ѕид“, а Шмајхел беше немоќен.

Словенија до крајот на првото полувреме го издржа налетот на Данците, во вториот дел притисокот се зголеми, а гостите капитулираа во 54. минута.

Долго траеше акцијата на Данска, на крајот центаршут на Вестергард во шеснаесетникот и голот на Дилејни со удар од околу 7-8 метри, за 2:1.

Во групата Е, Полска и Чешка одиграа нерешено 1:1 во Варшава.

Домашните поведоа преку Пјотровски во 38. минута, а израмнија Чесите со голот на Соучек во 49. минута.

Полјаците одиграа очајни квалификации и ќе мора да бараат пласман на ЕУРО во март преку баражот од Лигата на нации. Чешка во понеделник ќе ја пречека Молдавија и со еден бод ќе си обезбеди место на ЕП.

Scroll to Top