Top Sport

(Видео) Де Брујне му донесе важна победа на Манчестер сити

Манчестер сити ќе помине најмалку два дена на третото место на табелата по 35-от одигран натпревар во Премиер лигата.

„Граѓаните“ на домашен терен славеа над Вулверхемптон со 1:0, и сега се два бода и еден натпревар пред Њукасл на третото место.

Вулверхемптон немаа среќа да го избегнат поразот. Рајан Аит Нури ја погоди стативата, а вториот обид беше блокиран од дефанзивците на Сити.

Нико О’Рајли ја имаше првата вистинска шанса за домашниот тим во 33-та минута, но Жозе Са скокна како мачка и го запре неговиот удар под пречката. Само две минути подоцна, Сити поведе.

Џереми Доку испрати одлична топка за Кевин де Брујне, кој рутински ја реши ситуацијата. Ова е еден од неговите последни, можеби и последен гол во дресот на Манчестер сити.

„Волците“ можеа да израмнат во неколку наврати. Тие ја имаа најдобрата шанса кога Матеус Куња ја погоди стативата во 57-та минута.

На крајот – 1:0 за тимот на Пеп Гвардиола, кој имаше само еден удар во рамките на голот во екот на целиот натпревар.

Scroll to Top