Фудбалерот на Наполи, Кевин де Брујне, беше опериран во Антверпен откако го повреди бутниот мускул на десната нога на првенствениот натпревар против Интер.
„Како што беше планирано, Кевин де Брујне беше опериран во Антверпен поради повреда на задниот бутен мускул на десниот бут. Процедурата помина совршено и Де Брујне ќе ја започне првата фаза од постоперативното закрепнување во Белгија“, се вели во соопштението на Наполи.
Де Брујне се повреди во саботата на натпреварот против Интер (3:1) во Серија А.
Тој постигна гол во 33-та минута од пенал и веднаш по ударот се фати за бтниот мускул. Со помош на медицинскиот тим го напушти теренот.
De Bruyne took a pen so powerful he pulled his hamstring ffs https://t.co/XVaSUYAjOM pic.twitter.com/UX0FeyImLL
— Z 🇵🇸 (@PepsBalls) October 25, 2025
Актуелниот шампион на Италија не соопшти колку долго ќе отсуствува белгискиот фудбалер, но во вторникот генералниот менаџер Габриеле Оријали изјави дека Де Брујне ќе биде надвор од теренот три до четири месеци.
Ова лето, по 10 години во Манчестер Сити, Де Брујн се пресели во Наполи, за кого одигра осум натпревари во првенството и постигна четири гола, а имаше и две асистенции во Лигата на шампионите.
