Top Sport

(Видео) Де Ѕерби во стилот на Жозе Мурињо

Италијанскиот тренер на Брајтон, Роберто де Ѕерби доби многу повеќе почитувачи на неговиот фудбал оваа сезона кога го презеде тимот по заминувањето на Греем Потер, а на дербито со Арсенал покажа дека научил нешто од Жозе Мурињо, истрчувајќи на теренот да ја прослава 0:3 победата над Арсенал.

Триумфот доаѓа откако во претходното коло Брајтон загубија со 1:5 од Евертон, по што Де Ѕерби се извини и вети дека ќе го „видиме вистинскиот Брајтон“ на мечот со Арсенал. Тој го исполни ветувањето со победа која речиси сигурно ги исфрла „топчиите“ од трката за титулата.

Scroll to Top