Top Sport

(Видео) Дебакл на Келн во Лајпциг

Фудбалерите на Лајпциг пред своите гледачи го победија Келн со резултат 6:0 (4:0) во натпреварот од деветтото коло во Бундес лигата. Ова е втора виока победа во Бундеслигата во ова коло, попладнево Баерн го декласира Драмштад со 6:0.

Лајпциг од самиот почеток го наметна свој ритам, првиот гол го постигна Тимо Вернер од пенал во 15. минута. Во финишот на првиот дел од 40 до 45 минута Лајпциг постигна три гола, Стрелци беа Опенда, Раум и уште еднаш Опенда.

Во вториот дел на стрелците им се приклучија и резервните играчи, Шешко и Бамгартнер.

Гостите го завршија натпреварот со 10 играчи бидејќи вториот жолт картон во 80. минута го доби Матиас Олесен.

Лајпциг е на четвртата позиција со 20 бодови, додека лидер е Баерн со 23. Келн е на 17. место, во зоната за испаѓање, со само четири бода.

Scroll to Top