Фрајбург, Вест Хем, Брајтон, Аталанта, Спортинг и Рен обезбедија пласман во нокаут фаза во Лига Европа.
Во рамките на групата А, Вест Хем победи во Бачка Топола против ТСЦ, со голот на Соучек во 89.минута. победа забележа и Фрајбург и тоа многу убедливо.
Фрајбург во оваа група го декласира Олимпијакос со 5:0. Јет-трик постигна Грегорич, по гол за германскиот тим постигнаа Слидилија и Доан.
Вест Хем и Фрајбург имаат по 12 бода, Олимпијакос има четири бода, додека ТСЦ освои еден.
Брајтон оствари триумф во Атина. Во Б групата славеше со голот на Жоао Педро.
Пред мечот меѓу Марсеј и Ајакс, Брајтон има 10 бода, Марсеј има осум, АЕК освои четири, а Ајакс има само два.
Во Прага Спарта со минимален резултат во групата Ц го совлада Бетис.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Лукас Хараслин во 54. минута од натпреварот.
Пред пресметката меѓу Ренџерс и Арис од Лимасол, Бетис има девет бода, Ренџерс и Спарта освоија по седум, а Арис има три.
Во групата Д, Аталанта ремизираше 1:1 со Спортинг Лисабон на домашен терен, додека Раков ги освои сите три бода во Грац, против Штурм.
Аталанта има 10 бода, Спортинг освои седум, додека Штурм и Раков имаат по четири.
Во преостанатиот натпревар од групата Ф, Рен победи со 3:0 против Макаби од Хаифа во Будимпешта.
Головите за францускиот тим ги постигнаа Териер во 29. минута, Гири во 47. минута и Ридер во 93. минута од натпреварот.
Пред натпреварот помеѓу Виљареал и Панатинаикос, Рен има 12 бода, шпанскиот тим има шест со два меча помалку, ПАО има четири победи, а Макаби Хаифа има само еден.