Садио Мане го постигна својот прв гол во саудиската Про лига, но на крајот славеа други легенди на Ливерпул, Стивен Џерард и Џордан Хендерсон, откако Ал-Етифак се врати за 2:1 победа над Ал-Наср во првото коло од шампионатот.
По само четири минути игра, без Кристијано Роналдо, кој е повреден, Мане најдобро се снајде пред голот на домаќините за водство на Ал-Наср. Меѓутоа, Ал-Етифак, за кои Хендерсон одигра речиси цел меч, се вратија со два брзи гола, на Швеѓанецот Робин Каесон во 47. минута и на Муса Дембеле во 83. минута направија пресврт за 2:1 победа во првиот официјален меч на Стивен Џерард на клупата.
Ал-Хилал, пак, стигнаа до 3:1 победа над Абха, предводени од поранешниот (подзаборавен) напаѓач на Барселона, Малком, кој постигна хет-трик.
САУДИСКА ПРО ЛИГА, 1.КОЛО
Абха – Ал-Хилал 1:3
Ал-Раед – Ал-Итихaд 0:3
Ал-Шабаб – Ал-Ахдуд 1:1
Ал-Етифак – Ал-Наср 2:1
It’s Mr. Castro Ball 🧠⚽
Mané scores the first goal in the match 🤩 pic.twitter.com/lLixw1ZAHt— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) August 14, 2023
Moussa Dembeleeeeeeee. 🔥🇸🇦
AL ETTIFAQ 2-1 AL NASSR
— MercaGoals (@Merca_Goals) August 14, 2023