Top Sport

Не е така само на Балканот – спортскиот директор на Еспањол сакал да се пресмета со играчите

Еспањол имаше лошо враќање во шпанската Сегунда, одигрувајќи само 1:1 против Албасете во првото коло во текот на викендот, но според шпанските медиуми главната драма се случувала по крајот на мечот со спортскиот директор Фран Гарагарза во главната улога.

Според каталонскиот „Спорт“, откако Албасете успеаја да израмнат во 93. минута од мечот, разочарувањето било толку големо, што Гарагарза се обидел физички да се пресмета со фудбалерите и поголем инцидент бил спречен од тренерот Луис Гарсија, кој го тргнал спортскиот директор на страна.

Scroll to Top