Foto/ EPA
Фудбалерите на Јувентус го совладаа Каљари со резултат 2:1 (0:0) во натпреварот од 12. коло на италијанската Серија А. Јуве прими гол по 615 минути, но барем на 24 часа го презеде првото место на табелата од Интер од кого има бод и натпревар повеќе.
Овој меч го следеше најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ кој од недела ќе го започне настапот на Завршниот Мастерс во Торино.
Првиот гол го постигна Бремер, а вториот Даниеле Ругани. Асистент за головите беше Филип Костиќ.
Алберто Досена во 75. минута постигна гол за Каљари, но тоа беше се од гостите на овој натпревар.