Top Sport

(Видео) Денвер од -16 до победа над Портланд – Јокиќ со неверојатен трипл-дабл

Кошаркарите на Денвер победија дома против Портланд по продолжение со 137:132.

Екипата на Дејвид Аделман го оствари деветтиот последователен триумф, а Никола Јокиќ повторно беше најзаслужен за победата против Портанд.

Јокиќ на теренот мина 43 минути, што повторно беше доволно за трипл-дабл, негов 33-ти оваа сезона, а натпреварот го заврши со 35 поени, 14 скока и 13 асистенции со пет украдени топки.

Тој е првиот играч од сезоната 1973/1974 со натпревар од 35/10/10/5.

Нагетс, славеа со сензационален пресврт, откако во последната четвртина надополнија минус од 16 поени.

Покрај Јокиќ се истакна Арон Гордон со 23 поени и пет асистенции. Џамал Мареј додаде 20 поени со седум асистенции, а Кам Џонсон постигна 17 поени.

Во тимот на Портланд се истакна Тумани Камара, кој беше најдобар со 30 поени, додека Дени Авдија додаде 26, со седум асистенции и четири скока и исто толку изгубени топки.

Нагетсите сега се трети на табелата во Западната конференција со скор од 51-28.

Резултати:

Атланта Хокс – Њујорк Никс 105:108
/Александар Вокер 36 – Бренсон 30/

Орландо Меџик – Детроит Пистонс 123:107
/Банкеро 31 – Дурен 18/

Сан Антонио Спарс – Филаделфија 115:102
/Кесл 17 – Ембид 33/

Мемфис Гризлис – Кливленд Кавалирс 126:142
/Максенс Проспер 24 – Мобли 24/

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');