Top Sport

(Видео) Џејми Варди – Се напи Ред бул, постигна гол и го провоцираше ривалот

Џејми Варди, легендарниот напаѓа на Лестер повторно е тема во фудбалските кругови.

Веднаш штом се врати во Премиер лигата ја „запали“ атмосферата и ги воодушеви љубителите на оваа игра.

Иако има 37 години, Варди покажа дека се уште е неуништлива икона на Лестер и англискиот фудбал. Варди денеска е капитен на клубот, чии дрес го носи 12 полни сезони.

Тој ги предводеше „лисиците“ до сензационална титула во сезоната 2015/2016, постигнувајќи 24 гола со седум асистенции.

Му остана верен на клубот и откако неколку врвни играчи го напуштија Лестер во профитабилни трансфери.

Во Лестер остана и кога минатата сезона испаднаа во Чемпионшип, а претходната сезона ги врати во елитата со 18 гола.

На големата сцена во англискиот фудбал се врати во голем стил, во својот 464-ти натпревар за Лестер, го постигна својот 190-ти гол и им донесе бод на „лисиците“ против фаворизираниот Тотенхем.

Во денешно време е вообичаено да се видат фудбалери како консумираат разни течности во текот на играта според упатствата на клупските нутриционисти.

На елитното ниво како Премиер лигата, ништо не е препуштено на случајноста. но Варди е посебен играч.

Кога тимот се врати на теренот по полувремето, камерите го уливија како пие лименка „Ред бул“, енергетски пијалок кој секако не е во согласност со препораките.

Само 12 минути подоцна го постигна израмнувачкиот гол од првиот удар на Лестер кон голот на Тотенхем.

Варди бурно го прослави голот, а пред да ја напушти играта во 79. минута успеа да направи потег кој дополнително ќе го зајакне неговиот статус во очите на навивачите на Лестер.

Тој се сврте кон играчите на Тотенхем, го покажа клупскиот грб на ракавот и го крена едниот прст во воздух.

Потоа го покажа показалецот од левата рака кон нив и со прстите од десната формираше нула како потсетување дека Тотенхем го нема тоа што го има Лестер, шампионската титула.

Scroll to Top