Top Sport

(Видео) Џејмс Милнер стави крај на кариерата

Џејмс Милнер објави дека ја завршува својата професионална кариера на 40-годишна возраст.

Брилијантниот играч од средниот ред е рекордер во Премиер лигата по бројот на одиграни натпревари. Одигра 658 натпревари во најсилната лига во светот.

Во кариерата играше за Ливерпул, Манчестер Сити, Лидс, Њукасл, Астон Вила и Брајтон.

„По 24 години во Премиер лигата, чувствувам дека е вистинско време да ја завршам кариерата. Никогаш не можев да сонувам дека ќе го имам овој пат. Сите клубови одиграа важна улога во мојата кариера и животот. Фудбалот ми даде сè и секогаш ќе му бидам благодарен“, напиша Милнер.

Одигра 61 натпревар за репрезентацијата на Англија и постигна еден гол. Двапати ја освои Премиер лигата со Манчестер Сити и еднаш со Ливерпул. Исто така беше и европски шампион од сезоната 2018/2019 со „Црвените“.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');