Foto/ EPA
Аутсајдерите од Каталонија, фудбалерите на Џирона забележаа нова победа во Примера. Во Мадрид, во 13.коло, Џирнона го победи Рајо Ваљекано со 2:1. Македонскиот репрезенттаивец Столе Димитиревски имаше уште еден добар меч, одбрани неколку удари на играчите на Џирона, но не успеа да го спречи поразот на својот тим.
Џирона ја забележа петтата победа во низа во Примера и воедно ја прекина низата на успешни резултати во која се наоѓаше Рајо Ваљекано. Тимот од „Ваљекас“ немаше пораз на осум натпревари.
Домашните поведоа со голот на Алваро Гарсија во петтата минута. До крајот на полувремето гостите израмнија по акцијата на двајца Украинци, Циганков му аиситираше на Довбик во 42.минута. ж
Пресвртот го донесе Бразилецот Савио во 65. минута.
Џирона со натпревар повеќе сега имапет бода повеќе од второпласираниот Реал Мадрид, а дури седум од шампионот Барселона.
Во следното коло по репрезентативната пауза малиот клуб од Каталонија ќе го пречека тимот на Атлетик Билбао.