Top Sport

(Видео) Џон Тери има свој фаворит во ЛШ, го избра и најдобриот тим против кој играл

Foto/ EPA

Џон Тери, иконата на Челзи, долги години капитен и европски шампион со клубот во 2012 година, во Нион, ги извлече осминафиналните двојки во Лигата на шампионите.

Тери во интервју за медиумите одговараше на неколку новинарски прашања, а особено интересно прашање беше за најдобриот тим против кој играл.

„Никогаш нема да ги заборавам моите дуели против Барселона во полуфиналето во 2012 година кога ја освоивме Лигата на шампионите“, изјави Тери, потенцирајќи дека Барселона е најтешкиот тим против кој играл.

„Тоа беше Барселона во сезоната 2004/2005. Ги имаа Роналдињо и Меси. Тие се најопасните играчи против кои сум играл”.

Во тој двомеч, по две фантастични партии, Англичаните минаа понатаму. Барселона на домашен терен победи со 2:1, а во Лондон Челзи со 4:2.

Тери има свој фаворит, смета дека Реал ќе триумфира во финалето на 1 јуни во Лондон.

„Реал Мадрид ме импресионираше најмногу. Џуд Белингем е неверојатен, а Карло Анчелоти е одличен тренер и мислам дека можат далеку да стигнат. Работев со Анчелоти и тој е одличен тренер”, изјави Англичанецот.

Scroll to Top