Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Челзи на „Енфилд“ со 2:1 во дербито од осмото коло на англиската Премиер лига.
„Црвените“ со оваа победа се вратија на лидерската позиција на табелата со бод повеќе од актуелниот шампион Манчестер сити. Челси го запиша вториот пораз и остана на шестото место во Премиер лигата.
Во изедначен натпревар, во кој ниту еден од тимовите не одигра премногу квалитетно, разликата ја направи момчето од Ливерпул, Куртис Џонс.
Џонс, најпрвин избуди пенал во 29.минута кој во водство на Ливерпул го претвори Мохамед Салах, а откако Челси во 48.минута изедначи преку Николас Џексон, во 51.минута ја искористи асистенцијата на Салах и го постигна голот за победа.