Top Sport

(Видео) Ди Канио: Кварацхеилија е комбинација на Џорџ Бест и Кристијано Роналдо

Италијанската легенда Паоло ди Канио го опиша Квича Кварацхелија како најдобра можна комбинација на Џорџ Бест и Кристијано Роналдо, но со „модерен приод“, откако Грузиецот од анонимен фудбалер стана ѕвезда предводејќи го Наполи до титулата од Серија А.

Наполи го „грабнаа“ 22-годишниот Кварацхелија за мали пари од Динамо Батуми за 10-тина милиони евра, откако тој се врати од рускиот Рубин Казан по почетокот на војната во Украина. Тој постигна 12 гола и 12 асистенции во 29 меча во Серија А, додадувајќи 2 гола и 4 асистенции во Лигата на шампиони, импресионирајќи со својот стил на игра.

„Кварацхелија е комбинација на двајца посебни фудбалери, според мене. Едното е од Џорџ Бест, уметноста на дриблањето, секако со модерен приод. Џорџ Бест беше поинаков со тоа што можеше да ја ‘везе’ топката меѓу играчи со промена на насоката. Квара го прави тоа модерно, со моќ и посветеност која Бест ја немаше. Вториот талент е тој на Кристијано Роналдо. Тој не е задоволен со само еден, два или три дриблинзи. Кога ќе излезе од дриблањето, тој има сила и да шутне. И често го прави тоа“, вели Ди Канио.

Scroll to Top