Фудбалерите на Баерн Минхен го победија Ајнтрахт во Франкфурт со 3:0 (2:0) во натпреварот од 6-то коло на германската Бундес лига.
Натпреварот го одбележа Колумбиецот Луис Дијас, кој постигна два гола за Баварците, од кои првиот по само 15 секунди игра.
Штом трагнаа од центарот домашните фудбалери, Серж Гнабри одзеде една топка го проигра Дијаз на втората статива за рано водство. Ова е најбрзиот гол дпостигнат сезонава во Бундес лигата.
Дека Баерн ќе забележи лесна победа беше јасно во 27-та минута кога предноста ја заголеми Хари Кејн. Англичанеццот од почетокот на сезоната го постигна 18-от гол.
Резултатот 2:0 на семафорот стоеше до 84-та минута кога Дијаз со својот втор гол го постави конечниот резултат.
Актуелниот шампион го задржа својот максимален учинок на првото место со 18 бода, додека Ајнтрахт остана на шестото место со девет бода.