Рајо Ваљекано, синоќа, осови бод против Реал на „Сантијаго Бернабеу“. Играч на натпреварот беше Столе Димитриевски, кој успеа да го одбрани својот гол од напаѓачите на Реал. Македонскиот репрезентативец утрово е тема во шпанските медиуми.
Димитриевски во финишот на натпреварот, се обиде да одглуми фаул од Винисиус Жуниор.
Бразилецот нервозен од својата лоша игра и немоќта на Реал едноставно полуде и му порача на Димитриевски дека.
„Те чекам пред стадионот“.
Vinicius speaking with Rayo Vallecano goalkeeper Dimitrievski: "You and me, outside!" (He threatens him outside the field when the match ends)!
He is the winner of Socrates Award. pic.twitter.com/RCiKir9Eou
— Rus (@RustumUU) November 5, 2023
Во целата таа мешаница, Димитриевски доби жолт картон, а Бразлецот остана неказнет. Жолт картон за него ќе значеше крај на натпреварот.
Во медиумите и на социјалните мрежи се поставува прашањето што мора да направи Винисиус за да добие втор жолт или да биде исклучен.
Vínicius con una amarilla, decide agreder a Isi.
"Sorprendentemente" no vio la amarilla.
Este tio hace lo que le da la gana en un terreno de juego.
pic.twitter.com/NeiFra5fUE— Marc Martínez (@marc98martinez) November 5, 2023
Јасно е дека надвор од „Сантијаго Бернабеу“ тој е мета на навивачите, но она што се случи синоќа нема никава врска со расизмот.
По натпреварот Димитиревски, џентлменски ја коментираше ситуацијата со напаѓачот на Реал.
„Такви тензии се нормални на натпреварите. Се обидов да ја фатам топката, тој ме турна и тоа е тоа. Се закани дека ќе ме чека надвор? Супер, ќе го гушнам. Тој е навистина одличен фудбалер“.
💣 "¿Lo de VINICIUS? Son cosas del CAMPO, es NORMAL".
😅 "Lo de VERNOS luego era de BUEN ROLLO, si le veo le habría dado un ABRAZO".
STOLE DIMITRIEVSKI, EN DIRECTO con @EduAguirre7 en #LaHoraAntes. pic.twitter.com/kPC226rJEx
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) November 5, 2023