Top Sport

(Видео) Динамо го елиминираше Бетис од Конференциската лига

Фудбалерите на Динамо Загреб се пласираа во осминафиналето, во Конференциската лига. Во реваншот во Загреб, Динамо одиграа 1:1 со Бетис и со вкупни 2:1 го елиминира шпанскиот тим.

Бетис поведе преку Седрик Бакамбу. Камерунецот во 38.минута ја искористи асистенцијата на Руибал и со петица го совлада голманот на Динамо. Претходно капитенот на Динамо, Бруно Петковиќ ја погоди стативата.

Динамо на сличен начин го израмни резултатот, Хоџа го пронајде Јапонецот Канеко, кој на голема радост на домашните навивачи го победи Силва.

Поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за Динамо.

Scroll to Top