Top Sport

(Видео) Донамура спречи дебакл на Италија – Шпанците го обезбедија првото место во Б групата

Шпанија ја победи Италија со 1:0 (0:0), во натпревар од Б групата на Европското првенство. Шпанците со овој триумф го обезбедија првото место во групата, додека актуелните европски шампиони ќе мора да се помачат за да се пласираат во нокау фазата.

Натпреварот на стадионот на Шалке во Гелзенкирхен речиси 80 минути беше еднонасочна улица. Шпанците ги надиграа своите противници, Џиџи Донамрума е причината зошто славеа само со 1:0.

Голманот на Италија имаше осум интервенции. од друга страна азурите
воопшто не се заканија кон голот на Симон.

Шпанските фудбалери упатија 20 удари, осум од нов оде аво рамката на голот, додека од трите италијански обиди ниту еден не одеше во голот на Симон.

Победникот го реши автоголот на Калафиори во 55.минута.

Во последното коло Шпанија ќе игра против Албанија, а Италија против Хрватска.

Scroll to Top