Македонскиот репрезентативец, Доријан Бабунски со два гола го урна унгарскиот шампион Ференцварош. Дебрецин како гостин славеше со 3.1.
Првиот дел на натпреварот во Будимпешта му припадна на Ференцварош со голот на Пашка. Во вториот дел пресвртот го режираше Бабунски. Македонскиот репрезентативец за четири минути постигна два гола. Боди во финишот го постави конечниот резултат.
Дебрецин со оваа победа се проби на третото место на табелата со 51 бод.
Бабунски со 13 гола е втор на листата најдобри стрелци во Унгарија.