Top Sport

(Видео) Два гола на Меси – Аргентина победи во Лима

Фудбалерите на Аргентина славеа во Лима против Перу со резултат 2:0, во натпревар од четвртото коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство.

Херој на шампионите на планетата беше Лионел Меси, кој ги постигна головите во 32. и 42. минута.

Првиот гол беше постигнат по добар контранапад на гостите, Меси постигна гол по асистенција на Николас Гонзалес. Вториот гол беше сличен, а асистент овој пат беше Енцо Фернандес.

Меси постигна и трет гол, кој беше поништен.

„Гаучосите“ се први и максимални со 12 бода од четири меча, додека Перу забележа три последователни порази и е претпоследен со еден бод.

Исто така, Парагвај ја совлада Боливија со 1:0 со голот на Антонио Санабрија во 69. минута, додека Еквадор и Колумбија ремизираа без голови (0:0).

Scroll to Top