Top Sport

(Видео) Египет на пенали се пласираше во осминафиналето на Светското првенство

Со подобро изведување на пенали, Египет ја елиминираше Австралија (1:1 (4:2)) и се пласираше во осминафиналето на Светското првенство. Египет прв пат во историјата не само што играше во нокаут фазата, туку и успеа да ја мине првата рунда.

Резултатот по 120 минути игра беше израмнет, Египет поведе со голот на Ашур во 13-та минута, Австралијанците израмнија со автогол на Хани во 55-та минута.

Хани втор пат си постигна автогол на Мундијалот, со што изедначи рекорд стар 96 години.

Натпреварот на две репрезентации со скромен квалитет не донесе многу возбудувања, борба во средишниот дел од теренот и по некоја шанса. Најзериозната ја имаше Рабија во 95-та минута, но неговиот удар брилијантно го одбрани голманот Бич.

Во пенал серијата, трагичари на Австралија беа капитенот и најмладиот играч. Сутар шутираше над голот, додека Херингтон ја погоди пречката.

Во осминафиналето, Египет ќе оди кај подобриот од натпреварот помеѓу Аргентина и Зелено’ртски Острови.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');