Top Sport

(Видео) Елмас и Наполи паднаа во Удине, Верона ја продолжи агонијата на Фиорентина

Актуелниот шампион Наполи доживеа болен пораз во Удине и ја пропушти можноста да искачи на челната позиција во Серија А.

Наполи загуби со 1:0 од Удинезе, а херој на црно-белиот тим е Холанѓанецот Екеленкамп, кој го постигна решавачкиот гол во 73-та минута. Домаќините имаа поништен гол во 52-тата минута кога Дејвис беше во офсајд. Наполи беше во подредена позиција на овој натпревар, што го покажува фактот дека немаа ниту еден удар во рамките на голот.

Македпнскиот репрезентативец Елиф Елмас беше на теренот до 83-та минута.

Во вториот натпревар од попладневната програма, продолжи агонијата на Фиорентина. Тимот од Фиренца сè уште е без победа, а овој пат не успеа да освои ниту бод против Верона. Натпреварот заврши со резултат 1:2.

Гостите поведоа во 42-та минута преку Нигериецот Орбан, а Нуњез израмни со автогол во 69-та минута. Фиорентина се обидуваше да ги освои сите три бода, а потоа следеше шок.

Орбан повторно ја погоди мрежата на Фиорентина во третата минута од судиското продолжение и ѝ донесе на Верона три бода.

Фиорентина по 14 натпревари се уште нема победа, има шест бода и се наоѓа на последното место на табелата.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');