Top Sport

(Видео) Елмас одигра едно полувреме, Наполи примија бизарен гол од второлигашот СПАЛ

Италијанскиот шампион, Наполи го одигра и вториот контролен меч во летната пред-сезона, одигрувајќи 1:1 со второлигашот СПАЛ. Новиот тренер Руди Гарсија му даде едно полувреме на македнскиот репрезентативец Елиф Елмас, по што во второто полувреме го смени речиси целиот тим.

СПАЛ ги изненади „наполитанците“ со гол од огромна далечина на 19-годишниот Филипо Пулето во 62. минута од мечот, пред Андре Замбо Ангиса да израмни девет минути подоцна.

Scroll to Top