Top Sport

(Видео) Еспањол со контроверзен пенал избори опстанок

Фудбалерите на Еспањол изборија опстанок во Ла Лига со победата во последното коло над Леганес. Спасот за Еспањол дојде од контроверзен пенал.

На Каталонците им беше потребна победа над отпишаниот Лас Палмас за да останат над површината, бидејќи Леганес веќе ја заврши работата со Ваљадолид.

Нервозата беше на врвот во таборот на Еспањол. А потоа во 65-та минута, судијата Муниз Руиз досуди пенал за домашната екипа по контакт помеѓу Алехо Велиз од Еспањол и дефанзивец од Лас Палмас.

Тој детаљ предизвика спротивставени коментари, создаде бура, се огласи и поранешниот меѓународен судија Перез Буруљ, консултант на „Марка“.

„Зошто ВАР не ја гледаше оваа ситуација? Кој протокол спречува ситуација од која зависи нечиј опстанок во лигата да не биде повторно прегледан? Напаѓачот беше првиот што се намести и ја турна ногата на дефанзивецот. Според мене, играчот на Еспањол требаше да биде казнет со жолт картон за ова“, вели Буруљ.

Еспањол го искористи „подарокот“, поведе преку Хави Пуадо, а потоа ја запечати победата со уште еден гол на самиот крај и опстана во лигата.

Во исто време, тој ја прекина серијата од пет последователни порази што го доведоа на работ на бездната.

Залудна беше победата на Леганес над Ваљадолид (3:0), како и три триумфи во последните четири кола и подобариот меѓусебен скор од Еспањол (3:2, 1:1).

Scroll to Top