Top Sport

(Видео) Евертон со победа се збогува со „Гудисон“

Фудбалерите на Евертон го победија Саутемптон (2:0) и се збогуваа со „Гудисон Парк“, каде што во иднина ќе игра само женскиот дел од клубот.

„Карамелите“ играа на овој стадион 133 години, одиграа вкупно 2.327 натпревари, а од следната сезона ќе настапуваат на новиот, со капацитет од 53.000 седишта, кој ќе го носи името на компанијата „Хил Дикинсон“.

Двоен стрелец за домашниот тим во натпреварот со „Светците“ беше Илиман Ндијаје, кој прво постигна гол во шестата минута, а потоа и во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме.

Саутемптон можеше да постигне почесен гол до крајот од натпреварот, но Џордан Пикфорд ги спречи обидите на Рос Стјуарт и Камерон Арчер.

Оваа средба немаше позначаен резултат, Евертон е сè уште на 13-то место со 45 бода, едно коло пред крајот, додека Саутемптон одамна испадна од лигата и собра само 12 бода.

Евертон ќе ја затвори сезоната со гостувањето кај Њукасл, додека Саутемптон ќе го пречека Арсенал.

Scroll to Top