Шкендија стекна предност од еден гол пред реваншот со Лудогорец, во плеј-офот за пласман во Лига Европа. Македонскиот шампион со пресврт го победи бугарскиот тим со 2:1.
Натпреварот го обележа брилијантниот гол на Љатифи во 35.минута. Фудбалерот на Шкендија погоди од слободен удар од 25 метри, со што ја поништи предноста на Лудогорец од 17.минута, кога погоди Дуарте.
Во второто полувреме голот за победа го постигна капитенот Ибраими на истекот на 60.минута.
Реваншот во Разград на програмата е наредниот четврток.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI