Фудбалерите на Челзи и Астон Вила, како домаќини, одиграа нерешено против Барнли и Лидс, во натпреварите од 27-то коло од Премиер лигата.
Двата тима на тој начин ја пропуштија можноста да се позиционираат уште подобро на врвот на табелата и со триумфи да ја продолжат борбата за местото што води во Лигата на шампионите.
Челзи ја загуби победата во третата минута од судиското продолжение на „Стемфорд Бриџ“. Херој на гостите е Зиан Фелминг, кој најдобро се снајде пред голот на „сините“ по корнерот на Џејмс Ворд-Праус.
Важен момент од натпреварот се случи во 72-та минута, кога играчот на Челзи, Весли Фофана, заработи втор жолт картон поради невнимателен старт и ги остави своите соиграчи на цедило, кои до крајот, не успеаја да го издржат притисокот на бројно посилниот ривал.
Претходно, на почетокот од натпреварот, сè започна како бајка за Челзи, бидејќи Жоао Педро го постигна голот за водство, меѓутоа, како што времето минуваше, а особено откако Фофана беше исклучен, ситуацијата целосно се промени и тимот на Лиам Розениор остана, неочекувано, без важни бодови.
Потегот на денот, го направи германскиот интернационалец во Лидс, Антон Сташ, кој постигна мајсторски гол против Астон Вила во 31-та минута од натпреварот на „Вила Парк“.
Сташ ги изненади сите на стадионот, вклучувајќи го и домашниот голман Емилијано Мартинез, кој, како и повеќето играчи на теренот, очекуваше центаршут, поради што се позиционираше лошо. Следуваше казна.
Германецот направи генијален потег, совршено прецизен и доволно силен за да заврши точно таму каде што сакаше фудбалерот на Лидс.
Сепак гостите од Јоркшир, не можеа да ги издржат големите налети на тимот на Унаи Емери. Израмнувањето го донесе кон крајот Теми Абрахам, која покажа за каков голгетер се работи, кога совршено реагираше на една одбиена топак и ја испрати топката во мрежата.
