Foto/ EPA
Фудбалерите на Бетис и Реал Мадрид ремизираа 1:1 во 16. коло од шпанската Примера.
На „Бенито Виљамарин“, стативата која ја погоди Иско во финишот на натпреварот го спаси Реал од пораз.
Брахим Дијаз прв постигна гол, но беше поништен поради офсајд, а во првиот дел добри шанси за Бетис пропуштија Ајосе Перез и Вилијан Жозе.
До крајот на полувремето, Реал одговори со обидите на Модриќ и Алаба, но резултатот остана 0:0.
На почетокот на вториот дел, поточно во 53. минута, Џуд Белингем одигра одлична акција со Брахим Дијаз, која го круниса со гол. Младиот Англичанец го постигн 16. гол на 18.натпревар оваа сезона.
BELLINGHAM WHAT A GOAL
WHAT AN ASSIST BY BRAHIM TOO WOW 😍😍😍 pic.twitter.com/EaTApKrFcc
— Jovan 🇵🇦 (@JovanRMFC) December 9, 2023
„Зелените“ возвратија веќе во 67. минута откако Аитор Руибал постигна фантастичен гол од околу 25 метри и на тој начин го израмни резултатот.
Реал е прв на табелата со 39 бода, еден повеќе од Џирона, која утре ќе го одигра дербиот со Барселона. Бетис е седми со 26 бода, колку што има и Реал Сосиедад на шестото место.