Foto/ EPA
Фудбалерите на Манчестер сити се пласираа во финалето на Светското клупско првенство.
Избраниците на Пеп Гвардиола во полуфиналето во Џеда го совладаа јапонскиот тим Урава со 3:0.
„Граѓаните“ поведоа во судиското надополнување, а во првите 15 минути од вториот дел го затворија натпреварот.
Шампионот на Европа дојде до предност во првата минута од судиското надополнување на првото полувреме, кога Нуњез мина и нафрли, а Хоибратен несмасно реагираше и го совлада сопствениот голман.
Ковачиќ го удвои водството во 52. минута, по одличното додавање на Вокер, а точка на овој меч стави Бернардо Силва во 59. минута од натпреварот.
Сити можеше да постигне уште еден гол до крајот на натпреварот, но немаше промена во резултатот.
Финалето е закажано за петок од 19 часот, а ќе се сретнат Флуминенсе и Сити.