Top Sport

(Видео) Езе го однесе Кристал Палас во полуфиналето на ФА купот

Во градското дерби, Кристал Палас го совлада Фулам како гостин во четвртфиналето на ФА Купот. Головите за пласман во полуфиналето ги постигнаа Езе и Сар во првото полувреме, додека точка на натпреварот стави Енкетиа во 75. минута, за 0:3.

Кристал Палас во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот Брајтон – Нотингем Форест.

Денешната пресметка на овие ривали е осма во низа, на која победува гостинската екипа. Исто така, ова беше прв дуел на Фулам и Кристал Палас во ФА купот по 118 години. И во далечната 1907 година победи Палас.

Играчите на Кристал Палас одлично го отворија натпреварот, Езе го постигна првиот гол во 34. минута. Четири минути подцна нов шок за Фулам, Езе му асистираше на Сар за 0:2.

Вп вториот дел Фулам напаѓаше, но нападите беа стерилни, Паласбез проблем се бранеше, а на 15 минути до крајот поранешниот играч на Арсенал, Енкетија стави точка на натпреварот.

Scroll to Top