Top Sport

(Видео) ФА куп: Јунајтед во 89., а Челси во 91.минута изборија пласман во четвртфиналето

Челси, Манчестер јунајтед, Ливерпул и Вулверхемптон изборија пласман во четвртфиналето во ФА купот. Челси на домашен терен, а Јунајтед во Нотингем забележаа дрматични победи со голови во финишот од натпреварите.

Манчестер јунајтед во Нотингем ги совладс „шумарите“ со 1:0. Откако играчите на Нотингем Форест не реализираа неколку добри панси, победникот го реши Касемиро во 89.минута.

Челси се изнамачи на „Стенфорд Бриџ“ против Лидс јунајтед. „Сините“ победија со 3:2, а голот за победа го постигна Галагер во 91.минута. Претходно Џозеф ја олади домашната публика со голот во осмата минута, но Челси до крајот на првиот дел направи пресврт до головите на Џексон и Мудрик. Џозеф со својот втор гол изедначиво 59.минута, но Лидс немаше среќа да избори продолженија.

Вулверхемптон со голот на Марио Лемина во втората минута го елиминираше Брајтон.

Ливерпул со комбиниран состав чесно се справи со Саутемптон. Во победата 3:0, головите ги постигнаа фудбалерите на тимот на Ливерпул до 21 година. Кумас го отвори резултатот, а потоа два гола постигна Данс.

Инаку, во четвртфиналето ќе се одифра најголемото дерби во Англија, Ливерпул против Манчестер јунајтед.

Scroll to Top