Top Sport

(ВИДЕО) Фантастичен пресврт на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед стигна до победа (3:2) против Нотингем Форест, иако по само четири минути имаше негатива од два гола. Авонији и Боли во втората и во четвртата минута го шокираа „Олд Трафорд“, но Кристијан Ериксен ја врати надежта во 17.минута.

Касемиро израмни на 2:2 во 52.минута, а гостите во 67.минута останаа со фудбалер помалку по исклучувањето на Ворол.

Бруно Фернандеш од пенал го донесе триумф за „ѓаволите“ во 76.минута од мечот.

Арсенал и Фулам одиграа 2:2 во лондонската пресметка. Андреас Переира во првата минута искористи грешка и донесе водство за Фулам, а Арсенал долго се обидуваше да направи пресврт.

Букајо Сака израмни од пенал во 70.минута, а три минути подоцна Еди Нкетија се погрижи за пресврт. Сепак, Палиња во 87.минута погоди и не дозволи триумф на Арсенал.

Вулверхемптон го победи Евертон на гости со 0:1, со голот на Саша Калајџиќ во 87.минута, а Брентфорд и Кристал Палас одиграа 1:1.

Scroll to Top