Top Sport

(Видео) Феенорд го елиминира Милан од Лигата на шампионите

Фудбалерите на Феенорд успеаја да се пласираат во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако ремизираа на „Сан Сиро“ против Милан во реваншот 1.1..

Славниот италијански клуб, седумкратен европски првак, бркаше гол негатива од првиот натпревар во Ротердам кога Феенорд победи со 1:0 со голот на Бразилецот Игор Паишао во третата минута.

„Росонерите“ имаа уште подобар старт во реваншот. Мечот практично не ни започна, а Милан поведе со голот на поранешниот најдобар стрелец на Феенорд, Мексиканецот Сантијаго Хименез. Во 36.секунда Хименез постигна гол.

Во 23. минута можеше да биде 2:0, кога голманот на гостите Тимон Веленрајтер го одбрани ударот на Жоао Феликс, а потоа Тео Ернандез ја погоди стативата.

Во финишот на првото полувреме одлична шанса имаше и Рафаел Леао, но домашните на одмор заминаа со гол предност.

И второто полувреме започна со иницијатива и шанси на играчите на Милан, а потоа Тео Ернандез капутенот на Милан му направи штета на својот тим. Се обиде да избори пенал, доби втор жолт, автоматски црвен картон и ги остави соиграчите на цедило до крајот на натпреварот.

Од тој момент играчите на Феенорд ја презедоа инцијативата, која вроди со плод во 73.минута кога резервниот напаѓач Карабца, постигна убав гол по центрашутот на Буено.

Феенорд во осминафиналето ќе игра против Интер или Арсенал.

Scroll to Top