Top Sport

(Видео) Фер-плеј потегот на Мурињо во Тирана

Рома го победи Партизани со 2:1 во пријателски натпревар во Тирана. Мечот го обележа фер-плеј потегот на тренерот на „волчицата“, Жозе Мурињо.

Марселино Прека од Партизани се повреди во 78. минута, а тренерот Зоран Зекиќ немаше право на замена бидејќи ги искористи сите седум предвидени заменани.

Со оглед на тоа што беше пријателски натпревар, тој се обиде да ги убеди судиите да му дозволат уште една измена, но судиите не му дозволија.

Тогаш на сцена стапи Мурињо. За да бидат екипите рамноправни на теренот, го извади од теренот Хусем Ауар.

Головите за Рома во Тирана ги постигнаа Стефан Ел Шарави и Андреа Белоти, а Партизани го олесни поразот од пенал преку Теди Цара.

Scroll to Top