Top Sport

(Видео) ФИФА ги објави кандидатите за Пушкаш наградата

ФИФА го објави потесниот список за наградата Пушкаш, награда што ги слави најдобрите голови постигнати во машкиот фудбал постигнати помеѓу 11 август 2024 и 2 август 2025 година.

Гласањето е отворено преку официјалната апликација и веб-страница на ФИФА и ќе трае до 3 декември во 23:59 часот по средноевропско време.

Навивачите ширум светот можат да ги видат номинираните голови и да гласаат на FIFA.com, додека потесниот список е составен во соработка помеѓу ФИФА и голем број фудбалски партнери и експерти.

Како и во претходните години, победникот ќе биде одреден со комбинација од гласови на навивачите и гласови од панелот на FIFA Legends – секој сегмент ќе носи 50% од вкупниот резултат.

Победникот ќе биде објавен на доделувањето на наградите „Најдобри ФИФА фудбалски награди 2025“.

Ова се кандидатите:

Ламин Јамал (за Барселона против Еспањол)

Кевин Родригез (за Касимпаша против Ризеспор)

Ризки Ридо (за Персија Џакарта против Арема)

Деклан Рајс (за Арсенал – Реал Мадрид)

Лукас Рибеиро (за Мамелоди Сандаунс против Борусија Дортмунд)

Карлос Орантија (за Атлас против Керетаро)

Амр Насер (за Фарко против Ал Ахли)

Сантијаго Монтиел (за Индепендиенте Авеланеда против Индепендиенте Ривадавија)

Педро де ла Вега (за Сиетл Саундерс против Круз Азул)

Алесандро Дејола (за Каљари против Венеција)

Алерандро (за Виторија против Крузеиро)

Scroll to Top