Фудбалерите на Нотингем Форест славеа над Тотенхем во Лондон (2:1), во последниот натпревар од 33. коло на Премиер лигата.
Тимот на Нуно Еспирито Санто се врати на третото место кое го држи со 60 бодови и е во добра позиција во борбата за Лигата на шампионите. „Шумарите имаат бод повеќе од Њукасл, два од Манчестер сити и три од Челси и Астон Вила.
Тотенхем продолжи ужасните резултати оваа сезона, го забележа 18.пораз и се наоѓа на на 16. место со 37 бодови.
Форест во првите 16 минути постигна два гола кои на крајот беа довлни за тимот на Еспирито Санто да ја забележи 18. победа во сезоната.
Во петтата минута Елиот Андерсон го постигна првиот гол, а само 11 минути подоцна Крис Вуд да го совлада Викарио со глава и да ја удвои предноста.
Тој резултат долго време беше на сила, домашните се обидоа да ја намалат предноста, имаа неколку добри шанси во вториот дел, но само Ришарлисон постигна гол во 87. минута.
Интересно ова е четврти гол за Бразилецот во сезоната, сите четири натпревари Тотенхем ги загуби.
Форест во следното коло го чека Брентфорд, додека Тотенхем ќе му гостува на Ливерпул.