Top Sport

(Видео+Фото) „Кралот Артур“ се врати во Чиле

Чилеанската легенда, Артур Видал, по 15 години се врати во татковината, да одигра уште една сезона во матичниот клуб Коло-Коло.

„Кралот Артур“ како што го нарекуваат во Чиле, пред 10 дена потпиша договор со Коло-Коло, а изминатата ноќ на стадинот „Монументал“, беше пречекан на спектакуларен начин.

Видал на стадионот пристигна со хеликоптер, но, тоа не беше крајот на спектаклот. Набргу по излегувањето од хеликоптерот, Артур во кралска облека, со меч во раката и круна на главата, се качи на коњ и на него направи круг околу стадионот за да ги поздрави присутните навивачи, а потоа со солзи во очите им се обрати на навивачите.

„Ви благодарам од се срце за толку многу љубов. Се надевам дека ќе можам да возвратам на секој натпревар што ќе го одиграм. Се надевам дека стадионот ќе биде полн во текот на целата година како денес и дека можеме да го подигнеме вториот трофеј од Копа Либертадорес, зошто да не?“, рече Видал.

Scroll to Top