Фрајбург со 2:0 го совлада Волфсбург во првиот меч од 33. коло од германската Бундеслига за да ги задржи шансите за пласман во Лигата на шампионите и во исто време да го оддалечи Волфсбург од место кое води во Европа.
Гостите беа „матирани“ во четири минути во второто полувреме – Кристијан Гинтер во 71. минута погоди по асистенција на Роланд Салаи, а Унгарецот потоа му асистираше на Нилс Петерсен само четири минути подоцна за 2:0.
Со трите поени, Фрајбург останува на петтото место на табелата, но сега со 59 поени колку што има и Унион Берлин пред нив. Волфсбург се седми со 49 поени.