Top Sport

(Видео) Монца ја продолжи одличната сезона со гол за победа во 93. минута

Монца, тимот на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони го прослави неговото излегување од болница по шест недели со импресивна 1:2 победа на гости кај Сасуоло, триумф со кој се искачуваат на осмото место на табелата во својата деби сезона во италијанската елита.

Сасуоло први поведоа во финишот на првото полувреме со голот од пенал на Доменико Берарди, за Патрик Чурија да израмни во 60. минута, а потоа Сасуоло да останат со играч помалку во 68. минута по вториот жолт картон за Тресолди. Матео Песина во 93. минута ја искористи грешката на домашната одбрана за гол и за фантатична 14. победа оваа сезона.

Scroll to Top