Top Sport

(Видео) Франција, Португалија и Белгија се пласираа на ЕУРО 2024

Португлија, Франција и Белгија се првите репрезентации кои преку преку квалифиакциите обезбедија пласман на Европското првенство. Португалците ја победија Словачка на домашен терен во Порто, додека Белгија и Франција славеа како гости во Австрија, односно Холандија.

Португалија во седмото коло ја победи Словачка со 3:2 и го задржаа максималниот ефект. Против Словачка имаа мали проблеми во финишот но успеаја да ја одбранат победата.

Водеа Португалците со 2:0, со головите на Рамос и Роналдо од пенал, Ханцко намали во 69.минута, но само три минути подоцна Роналдо повторно ја однесе Португалија на +2. Конечниот резултат го постави Лоботка во 80.минута.

Во Ј-групата Португалија има 21 бод, Словачка остана на 13 и за пласман на завршниот турнир ќе се бори со Луксембург кој има 11 и Босна и Херцеговина која досега собра девет бода.

Француската репрезентација во Амстердам ја совлада Холандија со 2:1 во групата Б, што беше нивни шести триумф од исто толку одиграни натпревари.

Франција има 18 поени, Грција е втора, по победата во Даблина над Република Ирска со 12, Холандија има девет. Грците и Холанѓаните во последните две кола ќе се борат за второто место.

Двоен стрелец за „триколорите“ беше Килијан Мбапе во 7. и 53. минута, додека Хартман погоди за Холанѓаните во 83. минута.

Белгија ја совлада Австрија во Виена со 3:2 и како прва од групата Ф обезбеди билет за Германија следното лето. Два гола во победата на Белгија постигна Лукебакио.

На табелата Белгија има 16 бода, три повеќе од Австрија, која во наредните две кола треба само да го потврди второт место.

Scroll to Top