Top Sport

(Видео) Франција трета во Лигата на нации

Франција го освои третото место во Лигата на нации со победата 2:0 над домаќинот на завршниот турнир, Германија.

Французите, кои загубија од Шпанија со 5:4 во луд натпревар во полуфиналето, поведоа во судиското продолжение во првото полувреме.

Откако топката беше уфрлена од десната страна, Килијан Мбапе совршено реагираше во шеснаесетникот и им донесе предност на актуелните вицешампиони на светот.

Шест минути пред крајот, Мбапе се најде во улога на асистент, а играчот на Баерн, Олисе, го потврди триумфот на Франција.

По големата грешка во одбраната на Германија, играчот на Реал направи брз пробив, а потоа несебично му асистираше на Олисе кој ја погоди празната мрежа.

За титулата во Лигата на нации, вечерва од 21 часот ќе играат Шпанија и Португалија.

Scroll to Top