Дефанзивецот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, е обвинет за дистрибуција на детска порнографија, а судот во Шпанија отвори кривична постапка.
22-годишникот ќе се соочи со обвиненија по завршувањето на полициската истрага, заедно со тројца поранешни соиграчи од младинскиот тим на Реал.
Асенсио е обвинет дека нарачал видео снимено од Феран Руиз, Андрес Мартин и Хуан Родригез во јуни 2023 година, на кое наводно се гледаат неговите соиграчи како имаат секс со девојка и малолетно девојче, кои имале 18 и 16 години во времето на инцидентот.
Обвинетите играчи, кои во тоа време имале помеѓу 20 и 21 година, сега се соочуваат со потенцијални обвиненија за дистрибуција на детска порнографија откако наводно го споделиле видеото преку „WhatsApp“.
Според судската пресуда, двете жени покажуваат симптоми конзистентни со посттрауматско стресно нарушување, објавуви „АС“, а наодите од истрагата ќе им бидат испратени за да се види дали ќе поднесат обвиненија.
Доколку се покаже дека е така, тогаш обвинителството може да поднесе обвиненија и да побара кривично гонење, или обвинителството може да постапува по сопствена волја.
Primer entrenamiento de Raúl Asencio con la selección absoluta. No le habla nadie, algunos ni le miran a la cara, le ignoran.
*Normal, hay jugadores que tienen hijas pequeñas y nadie recibe bien a alguien acusado de difundir pornografía infantil pic.twitter.com/o94qcSxalX
— HATEUNIC🖤RNS II🏴🐌🏴☠️ (@hateunicorns2) March 18, 2025
Судијата на Високиот суд на Гран Канарија изјави дека има доволно докази за да се поткрепат тврдењата за повреда на приватноста, дистрибуција на видеа на трети страни без знаење или согласност на жртвата, нудење малолетници за порнографски цели и поседување детска порнографија.
Член 197 од шпанскиот Кривичен законик наведува дека секое лице кое ќе биде прогласено за виновно за снимање и споделување експлицитно видео од малолетно лице ќе се соочи со затворска казна од три и пол до пет години.
Оваа казна би била намалена на две и пол до четири години затвор ако бидат прогласени за виновни за снимање без согласност.
Доколку Асенсио биде прогласен за виновен само за споделување на видеото, се очекува казната да биде поблага. Властите потврдија дека мајката на 16-годишно девојче поднела обвинение за наводно снимање на нејзината ќерка без нејзина согласност.
Обвинителот изјави дека сексуалната активност била консензуална, но снимката не била консензуална.
Асенсио и уште тројца играчи беа уапсени по наводниот инцидент во 2023 година, а нивните телефони беа конфискувани од полицијата.
Асенсио се обиде да ја поништи неговата улога во случајот уште во февруари, но судијата одлучи да ја потврди одлуката за продолжување на истрагата.
22-годишниот Асенсио оваа сезона се проби во првиот тим на Реал и стана член на шпанската репрезентација.
Тој сезонава одигра 22 натпревари за тимот на Карло Анчелоти.