Top Sport

(Видео) Фудбалер настрада од факел, има изгореници и хематом на тестисите

На натпреварот помеѓу боливиските клубови Стронгест и Блуминг, кој се играше во Ла Паз, се случи сериозен инцидент кога навивачите на домашниот клуб фрлија пиротехнички средства на теренот.

Инцидентот се случи во судиското надополнување на времето, а еден факел директно го погоди фудбалерот на домашниот тим Стронгест.

Станува збор за парагвајскиот интернационалец, 32-годишниот Хуан Годој. Тој се здобил со сериозни повреди, изгореници од прв степен на десната бутина и хематом на тестисите.

Полицијата уапси три лица, а раководството на клубот објави укинување на привилегиите за домашните ултраси.

Натпреварот заврши со победа на Стронгест од 3:2.

Foto/ facebook.com

Scroll to Top