Top Sport

(Видео) Гана испадна од КАН, новинарите вербално ги нападнаа фудбалерите

Фудбалската репрезентација на Гана доживеа шокантна елиминација од Африканскиот куп на нации. Гана против Мозамбик водеше 2:0, но прими два гола во судиското надополнување на времето.

Гана на Африканскиот куп на нации што се игра на Брегот на Слоновата коска пристигна како еден од фаворитите за титулата и затоа гневот на навивачите, но и на претставниците на „седмата сила“ е огромен.

По мечот новинарите од Гана во микс зоната се обидоа физички да се пресметаат со фудбалерите.

На крајот, ниту еден од играчите не даде изјава, ниту новинарите побараа, бидејќи беа фокусирани на критиките, а дел од нив сакаа и физичка пресметка. На крајот мораше да реагира и полицијата и од стадионот ги избрка новинарите од Гана.

Scroll to Top