Top Sport

(Видео) Гарначо херој, Јунајтед против Астон Вила од 0:2 до 3:2

Foto/ EPA

Фудбалерите на Манчестер јунајтед надополнија минус од два гола и ја совладаа Астон Вила со 3:2 (0:2), во 19.коло. Апсолутен херој на победата е Алехандро Гарначо, кој ги постигна првите два гола, а победата на Јунајтед има ја обезбеди Раснус Хојлунд со деби голот во Премиер лигата.

По 19.коло, Манчестер јунајтед се шести на табелата со 31 бод, Астон Вила остана на третото место со 39 бодови.

Манчестер јунајтед ја продолжи традицијата и против Астон Вила. Никогаш не губи на домашен терен на Боксинг Деј, ова беше нивна 54-та победа на на овој ден.

Раната фаза од натпреварот навестуваше уште една катастрофа на Јунајтед. Мекгин во 21. минута упти центаршут, топката падна во петте метри никој не играше со неа и таа заврши во голот.

Само пет минути подоцна, нов прекин на Астон Вила, овој пат корнер и повторно статичната одбрана на домаќините не реагираше, Ленгле ја испушти топката со глава, а Дендонкер со петица од непосредна близина го совлада Онана за 0:2.

Тоа како да го разбуди Јунајтед, кои почнаа да играат поенергично, но избраниците на Унаи Емери на пауза заминаа со предност.

Дали беа мотивирани од свирежите на полувремето или скандирањата од гостинските навивачи дека Тен Хаг ќе добие отказ наутро, не се знае, но Јунајтед целосно ја надигра Астон Вила во вториот дел.

Во 48. минута голот на Алехандро Гарнак беше поништен од ВАР поради офсајд, но тоа беше само почеток на возбудувањата.

Играчот на натпреварот во 59.минута успеа да го совлада сонародникот Мартинез.

Во следниот напад Онана веднаш го спречи Бејли да постигне гол за Вила.

Гарначо во 71.минута се најде на вистинското место, со гол ја заврши акцијата која ја започна.

Во седниот напад Џони Еванс од гол линијата го одбрани ударот на Мекгин и спречи ново водство на Астон Вила.

„Олд Трафорд“ експлодираше во 82.минута кога Расмус Хојлунд, го постигна третиот гол.
Тоа беше негов прв гол во Премиер лигата оваа сезона и вкупно шести во сите натпреварувања.

Scroll to Top